Кандидатите од Центар Жупа со кампања во Италија за обезбедување на цензус

Населено Место во Општина Центар Жупа во Македонија.

Кандидатите за градоначалник на руралната општина Центар Жупа, покрај кампањата за локалните избори што ја реализираат во својата општина, деновиве имаа кампања и во Италија каде што се на печалба голем број на жители од оваа општина.

Без пристигнување на голем број на печалбари од странство за да гласаат, тешко може да се обезбеди потребниот цензус на изборите кои ке се одржат на 17 октовмри. Според податоците на локалната власт, дури над 70 насто од населението е во Италија .

Изборните штабови на кандидатите за градоначалник на Центар Жупа Арјан Ибраим од Турската Демократска Партија и Шаин Шакир од Движењето за национално единиство на Турците за Радио Слободна Европа информираа дека во областа Венето во северниот дел на Италија и двајцата кандидати деновиве имале кампања на која се преставени програмите на нивните партии за локалните избори.

Кандидатите за градоначалник Арјан Ибраим и Шаин Шакир за РСЕ изјавија дека цензусот е загрозен ако не пристигнат печалбарите за да учествуваат на локалните избори. Според нив, така било и на престојните локални избори.

„Очекуваме на денот на изборите да пристигнат и голем број на наши печалбари од Италија“, информираа штабовите на двајцата кандидати за градоначалник.

Здруженијата на нашите печалбари во Италија информираа дека во недела на денот на изборите во Центар Жупа ке пристигнат со автобуси и авиони околу 1.000 печалбари за да гласаат.

И секретарот на Општинската изборна комисија во оваа општина Мевмед Муратовски за РСЕ изјави дека на последните избори гласовите за обезбедување цензус биле токму на печалбарите.

„Во оваа рурална општина голем е бројот на печалбари и цензусот без нив тешко дека може да се обезбеди“, вели Муратовски и додава дека за цензус се потребни една третина од вкупниот број на гласачи, а вкупниот број на избирачи на последните избори бил нешто повеке од 6.700.

К. Мимидиноски