344 позитивни на коронавирус, 9 починати

Илустративна фотографија.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 344 нови случаи на коронавирус, а 9 луѓе починале сите во болнички услови, но според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 9 починати во период од 7 септември до 4 октомври, информира Министерството за здравство.

Направени се 4.962 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 143, Велес 33, Куманово 27, Штип 19, Струмица 15...

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти, но при проверка на системот пронајдени се дополнителни 3.645 оздравени пациенти – резултати кои се додадени на денешните.

Овие случаи биле пронајдени при проверка на системот, а биле оздравени во месец август. Како што информира Министерството, станува збор за случаи на хоспитализирани кои биле испишани без болниците да ја информираат институцијата, како и лица без матични лекари и странци.

Бројот на активни случаи во моментов е 6.967.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 194.575, бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817.