Времето денеска врнежливо и студено

Дожд во Скопје.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, според прогнозите на Управата за хидрометеролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од шест до 11 степени, додека максималната ќе достигне од девет до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до девет, а максималната ќе достигне 11 степени.