Пленковиќ: Не добив извештај за насилство врз мигрантите

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека го осудува насилството, но дека се уште не добил извештај за најновото видео за третманот на мигрантите на границата со Босна и Херцеговина.

„Ние го осудуваме насилството, особено насилството врз мигрантите… Не знаеме кои се сторителите на видеото не се гледа дали мигрантите им се заканувале на некого, тоа е срамота и е крајно лошо. Ако сторителите се во државниот систем, во полицискиот систем, тие ќе одговараат“, истакна Пленковиќ.

Во хрватските и европските медиуми се шпекулира дека дел од полицајците признале дека насилно се однесувале кон мигрантите и оти таква усна наредба добиле од Министерството за внатрешни работи.

Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање истакна дека министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ и понатаму ја има неговата поддршка и оти тој има задача да го истражи случајот и да го реши проблемот.