Во Осло ќе биде објавено името на добитникот на Нобеловата награда за мир

Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од околу милион евра.

Комитетот за мир, специјално избран од норвешкиот парламент, денеска во Осло ќе го објави името на добитникот на Нобеловата награда за мир. Во минатата година наградата ѝ беше доделена на Светската програма за храна на Обединетите нации. На 1 март, Нобеловата фондација објави дека вкупно 329 кандидати биле номинирани за годинашната Нобелова награда за мир. Претходно, јавно се споменуваа имињата на некои луѓе кои би можеле да бидат кандидати, а тоа се активистката за животна средина Грета Турнберг и противникот на Кремљ, Алексеј Навални. Се споменуваат и Светската здравствена организација (СЗО), Алијансата за вакцини (ГАВИ), Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Репортери без граници (РСФ). Норвешкиот комитет за мир нема навика да ги објавува имињата на кандидатите на медиумите или на самите кандидати.

Нобеловата награда за литература за танзанискиот писател Абдулразак Гурна


Наградата за мир се доделува во Осло, за разлика од другите Нобелови награди доделени во Стокхолм, и традиционално се предава на 10 декември, денот на смртта на основачот на наградата, шведскиот научник и индустријалец Алфред Нобел (1833-1896), пронаоѓач на динамитот. Нобеловата сезона започна во понеделникот со објавувањето на добитникот на Нобеловата награда за медицина. Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек од околу милион евра.