Фајзер побарал дозвола за употреба на вакцината и кај деца од 5 до 11 години во САД

Илустрација

Фајзер побарал од американските регулатори да одобрат итна употреба на нивната вакцина против ковид-19 за деца на возраст од 5 до 11 години. Администрацијата за храна и лекови на САД на 26 октомври закажа состанок на надворешни советници на кој ќе се разговара за барањето со кое би им се овозможило на децата од оваа возрасна група, околу 28 милиони да започнат со примање со Фајзер.

„Со оглед на тоа што новите случаи кај децата во САД продолжуваат да бидат на високо ниво, ова поднесување е важен чекор во нашите тековни напори против ковид-19“, напиша Фајзер на Твитер.

Вакцината веќе доби дозвола за итна употреба во САД кај тинејџери на возраст од 12 до 15 години и е целосно одобрена од регулаторите за лица на возраст од 16 и повеќе години. Вакцината е една од трите што се користат во Соединетите држави, заедно со вакцините Модерна и Џонсон и Џонсон од кои ниту една не доби целосно регулаторно одобрување за која било возрасна група.

Доколку се даде регулаторно овластување, Фајзер ќе стане првата вакцина за ковид-19 достапна за деца од 5 до 11 години во Соединетите држави.