Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека економијата не е причина зошто Кризниот штаб не воведе нови анти- ковид. Нови мерки не се воведени оти Србија има вакцини, рече Брнабиќ . Според неа неразумно е да се имаат истите мерки од претходно сега кога има вакцини.
„На седницата на Кризниот штаб заедно заклучивме да ваквите мерки, а не фокусот на вакцинацијата, ќе доведат до намалување на бројот на заразени, но после тоа ќе доведе до зголемување на бројот на заразени бидејќи луѓето не се вакцинирале. И дека тоа е само продолжување на целата оваа ситуација, продолжување на оваа агонија. Она за што сега сум сериозно загрижена е менталното здравје на нацијата“, кажа Брнабиќ.
Таа повтори дека фокусот е само на вакцинацијата, бидејќи тоа е единствениот одговор за да се стави крај на пандемијата. Брнабиќ изјави дека во Србија во овој момент се вакцинирани 2.907.688 лица, што е 54 отсто од полнолетната популација. 2.793.425 лица се ревакцинирани, што е 52 отсто. Третата доза ја примиле 655.370 луѓе или 12 проценти од населението.