Времето денеска: облачно со врнежи од дожд

Ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат обилни, со пороен карактер и засилен југоисточен ветер, особено во западните делови каде на повеќе места ќе наврнат и над 30 л/м2 дожд. Дневната температура ќе биде од 9 до 16 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 14 степени.