Британскиот специјален пратеник се сретна со лидерите на талибанците во Авганистан

Британскиот специјален пратеник Сајмон Гас

Британскиот специјален пратеник Сајмон Гас се сретна со лидерите на талибанците во Авганистан да разговара за хуманитарната криза и начините да се спречи земјата да стане расадник на милитанти. Гас, кој е британски пратеник за транзицијата во Авганистан, се сретна со талибанскиот заменик премиер Мула Абдул Гани Барадар, како и со други претставници на талибанците, соопшти денеска Форин офисот.

Тие разговарале за начините на кои Велика Британија може да му помогне на Авганистан „да се справи со хуманитарната криза, важноста да се спречи земјата да стане инкубатор на тероризам и потребата за постојан безбеден премин за оние кои сакаат да ја напуштат земјата“, соопшти Форин офисот.

Била отворена и темата за третманот на малцинската и правата на жените и девојчињата.