Турски војници окупираа база на ПКК во северен Ирак

илустрација

Турската армија окупираше голема база на курдски активисти во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана. „Дванаесет членови на Курдистанската работничка партија (ПКК) беа „неутрализирани“ во операцијата“, прецизира Министерството на Твитер. Акцијата била спроведена во близина на турската граница во регионот, каде што во август беа убиени тројца турски војници.

Турција спровела воздушни напади на курдска зона во Сирија

Министерството соопшти дека турските командоси го презеле „источното седиште“ на ПКК и ѝ нанесоа „тежок удар“ на групата, која САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација. Не беа дадени повеќе детали за тоа како е извршена операцијата. Турција во април започна нова копнена и воздушна операција во северен Ирак и формираше неколку бази во регионот. За време на повеќе од три деценискиот конфликт со Курдите, загинаа десетици илјади луѓе.