Нови 185 случаи на ковид-19 и починати 12 пациенти

Модуларна болница во Дебар, илустрација

Во изминатото деноноќие се евидентирани нови 185 случаи на ковид-19 од 1 876 тестирања. Во последните 24 часа починати се 12 и дополнително тројца во периодот 29 септември – 3 октомври 2021, информира министерството за здравство. Од новодијагностицираните позитивни на коронавирус, 99 се од Скопје, Велес и Кочани имаат по 14 а Кавадарци – 12.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица од кои пет се од Скопје. Најмладиот починат пациент имал 53 години, додека најстариот бил на 90 годишна возраст. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 29 септември до 3 октомври 2021 година. Починатите лица се по едно лице од Скопје, Струмица и Гевгелија, на возраст од 69 до 86 години. Од пријавените лица еден е починат во болнички услови а две лица починале во домашни услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe 523 оздравени пациенти. Според бројот на активни случаи на ковид-19, во Скопје има најмногу, вкупно 5496, потоа во Куманово каде се евидентирани активни 995 случаи на ковид-19 и Тетово кое брои 892.

Најмалку активни случаи на заразени со ковид- 19 брои Дојран каде што само има само еден активен случај на заразен со ковид-19, потоа Пехчево каде се евидентирани 3 случаи и Демир Капија каде што има 5 активни случаи на коронавирусот.

Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 192 654 од направени 1 301 702 тестирања. Оздравени се 174 148, починати се 6719, а активни случаи има 11 787.