Две жртви во експлозија на џамија во Авганистан

Илустрација

Талибанскиот портпарол Забихула Муџахид изјави дека цивили во Авганистан загинале во експлозија пред џамија во Кабул, каде требало да се одржи молитвена церемонија за неговата мајка.

„Експлозија на бомба попладнево потресе собир на цивили во близина на влезот на џамијата Ајдгах во Кабул, за жал има загинати“, напиша портпаролот на Талибанците, Муџахид на Твитер.

Сајед Кости, кој раководи со одделот за печат и односи со јавноста во привременото Министерство за внатрешни работи на владата предводена од Талибанците, во пораката на Ватсап испратена до РСЕ изјави дека две лица загинале, а две се повредени од експлозијата.

Кости рече дека три лица се уапсени во врска со нападот. Не е јасно дали експлозијата се случила пред или за време на молитвената церемонија и никој не презема одговорност за нападот.