Започнаа консултациите за реконструкција на црногорската Влада

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ ги започна консултациите со парламентарното мнозинство, прифаќајќи го предлогот на 37 пратеници од парламентарното мнозинство, кои бараат реконструкција на Владата, соопшти неговиот кабинет.

Откако Демократите и Демократскиот фронт пред десетина дена соопштија дека Владата треба да се реконструира, Кривокапиќ предложи реконструираната Влада да има тројца потпретседатели, а ресорите што се покажаа обемни да бидат поделени.

Кризата на актуелната Влада на Црна Гора почна со денот на формирање на експертската Влада, на што се спротивстави Демократскиот Фронт, а кулминираше со заминувањето на пратениците на овој политички блок од Собранието, откако беше сменет министерот за правда Владимир Лепосавиќ поради изјавата за Сребреница и беше усвоена Резолуцијата за Сребреница.