Обраќање на претседателот Пендаровски на ГС на ОН

Претседателот Стево Пендаровски во Њујорк учествуваше на 20.состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави, што се одржа на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации.

Македонскиот пртетседател Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на ОН, која се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – закрепнување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.

Пендаровски: Вакцинацијата без одлагање е од клучно значење

Шефот на државата вчера имаше обраќање на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, организиран од претседателот на САД Џо Бајден. Самитот се одржа на маргините на Генерално собрание на Обединетите нации. Претходно Пендаровски во Њујорк се сретна со поранешниот амбасадор на САД во Скопје Џес Бејли. Шефот на државата на Фејсбук објави дека му се заблагодарил на Бејли за постојаната поддршката што земјава ја добива од САД.