Времето денеска: променливо облачно

Претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од 12 до 24 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 20 степени.