Лидерите на Западен Балкан на вечера со Борел

Илустрација, средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и Еврокомесарот Жозеп Борел

Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел вчера организираше неформална вечера со лидерите на Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН. Тема на разговор била ситуацијата во регионот и односите ЕУ -Западен Балкан, како и за подготовките за самитот ЕУ -Западен Балкан на почетокот на октомври.

„Ова даде можност да се разговара за очекувањата во врска со пристапувањето во ЕУ. Високиот претставник ја истакна потребата од силна посветеност од двата партнери, и од Западен Балкан и од Европската унија, и нејзините земји-членки во надминување на сегашната динамика и придвижување на процесот напред“, соопшти денеска Канцеларијата за надворешни работи .

На средбата присуствувале претседателите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, на Северна Македонија, Стево Пендаровски, и на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, и министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

Пендаровски на Виртуелниот глобален самит за борба против ковид-19

Ова е втора средба со лидерите на Западен Балкан, организирана од еврокомесарот по неформалната вечера во Брисел во мај, се додава во соопштението.