Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Министерот за правда Бојан Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави денеска дека власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 лица.

„Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои што треба да ги испитаат сите околности“, рече Маричиќ.

Германските истражители кои пристигнаа вчера, а, како што порача тој, сите институции се ставиле на располагање да помогнат во истрагата. Според него, вчера бил свикан Кризниот штаб и сите документи се предадени на надлежните институции.

„Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани час поскоро да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан“, изјави Маричиќ.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја добило целосната документација за набваката на модуларната болница во Тетово, а од денеска истражителите почнале со првично разгледување на истата.