Политичари и пациенти

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин се самоизолираше откако неколку од неговите најблиски соработници биле позитивни на тестот на коронавиру. Кремљ соопшти дека Путин бил целосно вакциниран со руската вакцина против коронавирус Спутник В. (На фотографијата - Насловната страница на францускиот весник Либерасион со ставот на Путин за вакцините против Ковид-V).

ЦРНА ГОРА - Црногорската Управа за катастар и државен имот регистрираше забрана за отуѓување на сите објекти и парцели што ги користи Цетињскиот манастир.

СРБИЈА - Во разговор со шефот на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград, генерал Томаж Витале, српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ рече дека Србија е заинтересирана за понатамошно подобрување на партнерската соработка, продолжување на политичкиот дијалог и практичната соработка во сите области од заеднички интерес.

БУГАРИЈА - Комисијата за дигитализација и информациски технологии на бугарскиот парламент го покани претседателот на Националниот статистички институт на Бугарија, Сергеј Цветарски, поради проблемите со електронскиот систем за Попис 2021 во земјата.

КИПАР - Со една доза од вакцината се имунизирани 80 отсто од граѓаните на Кипар, а во следните две до три седмици, процентот на целосно вакцинирани ќе достигне до 80 отсто, рече министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас.

МАКЕДОНИЈА - Седум од дванаесетте пациенти кои беа спасени од пожарот и примени во модуларната болница во Тетово како оздравени од Ковид-19 и опоравени се пуштени од болничко лекување и се наоѓаат во своите домови, информираат од Ковид центарот при Клиничката болница.

ГЕРМАНИЈА / МАКЕДОНИЈА / АЛБАНИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, рече дека Албанија и Северна Македонија ги исполниле условите за членство во Европската Унија.

БИХ - Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина (БиХ) им препорача на сите граѓани на БиХ кои на кој било начин биле вклучени во одбраната на БиХ во периодот од 1992 до крајот на 1995 година, да не патуваат во Република на Србија до понатамошно известување.

АВГАНИСТАН - Талибанците денеска ја поздравија помошта од 1,2 милијарди долари што меѓународната заедница ја вети за Авганистан и ги повикаа Соединетите Држави да покажат поголема великодушност.