Комисија на бугарскиот парламент ќе ги истражува проблемите со електронскиот попис

Комисијата за дигитализација и информациски технологии на бугарскиот парламент го покани претседателот на Националниот статистички институт на Бугарија, Сергеј Цветарски, поради проблемите со електронскиот систем за „Попис 2021“ во земјата.

Како што јави МИА од Софија, Сергеј Цветарски мора да презентира извештај за јавните набавки за развој на системот „Попис 2021“ во Бугарија. Тој мора да одговори на прашања поврзани со вредноста на договорот, видот на постапката и техничката спецификација, како и кои се причините што доведоа до привремен колапс на системот и кои мерки и дејствија се преземени за да се обезбеди непречено одвивање на пописот во Бугарија.

Повод за сослушување во парламентарната комисија беа серијата хакерски напади, со што беше запрен пристапот до електронскиот попис во Бугарија.