Собрание - прва седница по годишните одмори

Седница на Собранието на Република Северна Македонија

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 50-та седница, на чиј дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците.

Пратениците, меѓу другото, треба да гласаат за предлог одлуките за испраќање војници на Армијата за учество во меѓународната операција на ОН „УНИФИЛ“ во Република Либан и „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, како и неколку закони во второ читање од областа на животната средина, како дополнетиот предлог- закон за управување со отпадот.