Бајден, Заев, Кичеец...

АВГАНИСТАН - Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека на народот во Авганистан му е потребен спас. Тој говореше на донаторската конференција за Авганистан што денеска започна во Женева, Швајцарија. На состанокот присуствуваа околу 40 министри од владите ширум светот. Целта на конференцијата е да се соберат 600 милиони американски долари за Авганистан, за да се избегне хуманитарна криза во земјата зафатена со војна, откако талибанците ја презедоа власта минатиот месец.

МАКЕДОНИЈА - Осудениот Зоран Милески – Кичеец е преместен од отворено во полуотвореното одделение во Затворот Струга, информираат од Управата за извршување на санкции.

МАКЕДОНИЈА - Четирите средни училишта во Гостивар чекаат на одобрение од Комисијата за заштита од заразни болести, која треба да донесе одлука дали средношколците од среда ќе се вратат на настава со физичко присуство. Почетокот на наставата со физичко присуство за нив беше одложен за две недели, заради лошата епидемиолошка состојба во општина Гостивар. Од локалната самоуправа изразуваат оптимизам дека наскоро ќе има редовно одвивање на наставата, бидејќи се намалуваат бројките на новозаразени.

СИРИЈА - Затвореници во затвор во Сибир започнаа масовен штрајк со глад во знак на протест против смртта на двајца затвореници и против раширената злоупотреба на правата во објектот, вклучително и за тортура.

СЛОВЕНИЈА - Еден починат и 282 нови инфекции со коронавирусот се потврдени во Словенија во изминатите 24 часа, поради што земјата од среда воведува построги мерки.

ЗАПАДЕН БАЛКАН - Министерот за транспорт и врски на Македонија Благој Бочварски и неговите колеги од земјите на Западен Балкан денеска во Белград го потпишаа документот Посветеност на Железницата, со кој се предвидува изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ќе ги поврзуваат градовите во регионот.

ИЗРАЕЛ - По тримесечна пауза денеска продолжи судењето за корупција на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

МАКЕДОНИЈА - Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот форензички извештај од истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово, ќе донесе одлука во однос на оставката што ја поднесе министерот за здравство Венко Филипче.

СЕВЕРНА КОРЕЈА - Северна Кореја тестираше нова крстосувачка ракета со долг домет, којашто може да стигне до Јапонија, објавија денеска медиумите.

САД - Претседателот на САД Џо Бајден прогласи состојба на природна катастрофа поради шумските пожари во Калифорнија, соопшти Белата куќа.