Меркел во посета на Србија, а утре во Албанија

Ангела Меркел

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска попладне ќе допатува во Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа ќе отпатува за Тирана.

Во Белград, Меркел ќе има и други средби на кои се очекува да стане збор за билатералните односи и Берлинскиот процес, посебно за иницијативата Отворен Балкан. Исто така се очекува да стане збор за дијалогот Белград-Приштина и ситуацијата во БиХ, посебно по именувањето на Кристијан Шмит за нов висок претставник на меѓународната заедница.

Во Тирана Меркел утре освен со албанскиот премиер Еди Рама, ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.