Лукашенко на средба со Путин во Москва

Авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин. Ова ќе биде петта нивна средба годинава, а со тоа се погреваат шпекулациите дека можно е на оваа средба да потпишат документ со кој радикално може да се поткопа суверенитетот на Белорусија.

Белорускиот амбасадор во Русија неодамна изјави дека дел од дводецениските преговори за обедунување меѓу Минск и Москва се речиси при самиот крај и дека на средбата на Путин и Лукашенко може да се очекува нивно финализирање.

Белорусија сѐ поблиску до унија со Русија

Проектот ќе биде голем чекор кон обединување на двете земји, но тоа може сериозно да го поткопа суверенитетот на Белорусија, нешто на кое досега Лукашенко интезивно се спротивствавуваше.

Лукашенко на минатата претседателски избори го освои шестиот мандат, кој што беше силно осуден од белоруската опозиција која обвинува за лажирање на изборните резултати. По спорните избори опозицијата излезе на масовни улични протести кои што белоруските безбедносни сили остри ги задушија.
Западните држави одбија да го признаат Лукашенко како легитимен претседател и воспоставија серија санкции против членовите на неговата влада поради репресивните мерки против опозицијата, независните медиуми и граѓанските организации за заштита на човекови права.