Во Москва средба Лукашенко-Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин во црноморското одморалиште Сочи, 14 септември 2020 година

Белорускиот претседател Александар Лукашенко и неговиот руски колега Владимир Путин ќе се сретнат денеска во Москва за да разговараат за програмите за унијата меѓу двете држави, подготвени од владите. Лукашенко и Путин телефонски разговарале на 30 август, при што, како што објавија белоруските медиуми, се озврнале врз ситуацијата во Авганистан, заедно со други прашања.

Белорусија сѐ поблиску до унија со Русија

Во меѓувреме, прес -службата на Кремљ соопшти дека Путин му посакал среќен роденден на Лукашенко кој деновиве наполни 67 години. Во својата честитка до белорускиот колега објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин ги пофалил напорите на Лукашенко за зацврстување на сојузничките односи меѓу двете земји. Лукашенко и Путин последен пат се сретнаа на 13 јули во Санкт Петербург. Тоа беше нивна четврта лична средба оваа година. Пред тоа, двајцата лидери се состанаа во февруари, април и мај. Сите овие средби се одржаа во Русија.