Британскиот парламент ќе расправа за зголемување на даноците

Британскиот премиер Борис Џонсон зборува во парламентот

Парламентот на Британија денеска ќе расправа за предложените планови на премиерот Борис Џонсон во за зголемување на даноците за работниците, работодавачите и некои инвеститори во обид неговата влада да ја поправи кризата со финансирањето на здравствената и социјалната заштита, што ги налути некои од неговата владејачка партија со кршење на изборното ветување. Откако потроши огромни суми пари за борба против пандемијата на ковид-19, Џонсон се враќа на изборното ветување дека ќе се осврне врз кревкиот систем на социјална грижа во Британија, каде што се предвидува дека трошоците ќе се удвојат со стареењето на населението во следните две децении.

Британија порачала уште 35 милиони дози Фајзер за следната година

Тој, исто така, со плановите сака да се обиде да се справи со заостанувањето во здравствениот систем во Британија, каде што милиони луѓе со месеци чекаат за лекување од државната Национална здравствена служба, откако беа пренаменети ресурсите за справување со ковид-19. „Би било погрешно за мене да кажам дека можеме да платиме за ова закрепнување без да ги донесеме тешките, но одговорни одлуки за тоа како ќе го финансираме“, изјави Џонсон во парламентот.