Косовски институт: Русија води дипломатска војна и ѝ помага на Србија

Жена поминува покрај билборд на кој пишува: „Косово“ со кирилични букви, поставено на улица пред зградата на Владата во Белград, 15 февруари 2021 година

Косовскиот институт за истражување и развој на политиката (КИПРЕД) оцени дека Русија ѝ помага на Србија во кампањата против признавањето на Косово и оти косовските институции треба да се обединат во борбата против руската пропаганда. Институтот оцени и дека Косово нема политика на реагирање на руската пропаганда и агресивна кампања на Србија заедно со Русија против признавањето на Косово. Како што беше наведено, „за помалку од три месеци, 500 вести поврзани со Косово беа објавени во руските медиуми, а 96 од тие вести имаа дезинформации, а најголемиот број биле од Спутник од Србија“.

Ја изгуби ли ЕУ битката со Кина и Русија за Балканот?

Извештајот, исто така, вели дека главниот фокус на вестите на руските медиуми бил врз „кршење на темелите на државноста на Косово, промена на наративите за воените злосторства во поранешна Југославија и прикажување на српската заедница и Српската православна црква на Косово како угнетени и ранливи“.