Достапни линкови

Ја изгуби ли ЕУ битката со Кина и Русија за Балканот?


Западен Балкан и ЕУ
Западен Балкан и ЕУ

Европската унија (ЕУ) ја загуби битката за Балканот, каде што Русија и Кина нудат бонуси без да бараат реформи. Ова е дел од излагањето на неколкумина признати геополитички експерти на јулската онлајн конференција „Балканска геополитика“, организирана од Еуроактив.бг.

На конференцијата на Еуроактив.бг. учествуваа американскиот политички научник Џорџ Фридман, основач на Стратфор и Геопилитикал фјучар, поранешниот шеф на бугарската дипломатија и основач на Атлантскиот клуб на Бугарија - Соломон Паси, Мира Милошевиќ од шпанскиор Кралски институт Елкано, Немања Тодоровиќ Штиплија, основач на Центарот за европска современа политика во Белград...

„Влијанието на Русија и Кина е видливо, но она на Кина е поважно на долг рок“, рече на конференцијата поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси.

Спасители

Мира Милошевиќ, виш научен соработник во Кралскиот институт Елкано во Шпанија, пак, ја нагласи идејата дека, како што пренесе Еуроактив.бг, ЕУ веќе ја загуби битката за Балканоти дека балканските народи не си веруваат еден на друг, но додаде дека не им веруваат ниту на големите сили.

„Косово или Албанија, на пример, во САД гледаат свој спасител. Србија и (делови од) Босна и Херцеговина гледаат спасители многу повеќе во Русија, па дури и во Кина “, рече таа.

Според неа, „Русија можеби е повидливиот актер на Балканот, но Кина е поважна“. Таа додаде дека Русија е присутна во регионот историски, но Кина, со својата економска моќ и долгорочна стратегија, претставува посериозен предизвик за европските интереси на Балканот. Во однос на ЕУ, Милошевиќ предупреди дека Унијата не успева да види дека „таа не е толку атрактивна како што била порано“.

Сепак, додаде Милошевиќ, „ЕУ е единствениот стратешки играч што може да направи сериозно влијание врз регионот и изрази надеж за заживување на пристапниот процес“.

Џорџ Фридман предупреди дека очекувањата треба да бидат ниски за тоа што може да се постигне на Балканот, колку нивната култура може да се промени и колку време ќе потрае. Според него, државите имаат причини да не си веруваат еден на друг и секоја акција во корист на една земја се перцепира како закана од другите.

„Балканска унија“

Поранешниот шеф на бугарската дипломатија, Соломон Паси, како што пренесе Еуроактив.бг, решението за Балканот е земјите да работат заедно и повика на „Балканска унија“, која според него, може да функционира под чадорот на ЕУ и НАТО, и може да значи единство во различни области - економија, одбрана, спорт, култура.

Тој призна дека таквата унија се соочува со помали предизвици и го спомена бугарското вето за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија со ЕУ. Според него, сепак, овој спор може да се реши за неколку месеци. Како друг предизвик, Паси го наведе рускиот шпионски центар во Ниш, што според него, се чини дека не ја вознемирува ЕУ ми нагласи дека „Србија во моментов е Ахилова пета во регионот“.

Отворен Балкан

Во меѓувреме, во Скопје се одржа Економскиот форум за регионална соработка на кој учествуваа премиерите на Македонија и Албанија - Зоран Заев и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Овој форум беше дел од иницијативата за т.н. Мини Шенген, а кој по состанокот во Скопје стана Отворен Балкан и беа ветени отворени граници, силна економска и технолошка соработка и заедничко стратешко делување на пат кон влез во ЕУ.

Од Косово по форумот дојдоа критики дека Заев, Рама и Вучиќ само се фотографираат, а од Босна и Херцеговина критики дека БиХ губи многу ако не ѝ се придружи на оваа иницијатива.

XS
SM
MD
LG