Одбележување на 30 години независност

Македонско знаме

Денеска во Скопје со централна прослава ќе се одбележи Денот на независноста на Северна Македонија. На овој ден пред 30 години се одржа референдум на кој околу 75 проценти од 1,3 милиони со право на глас го се изјаснија Македонија да стане суверена држава. Албанското малцинство во Македонија го бојкотираше гласањето. Прославата ќе започне во 17.30 часот пред Парламентот со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од нашиот композитор Живоин Глишиќ и дефиле на националните ансамбли и културно-уметничките друштва, на рударите, земјоделците, волонтерите на Црвен крст, извидниците, здравствените работници, спортистите, пожарникарите, полицијата и армијата.

Заев: Не само што го зачувавме идентитетот, туку и го потврдивме и зајакнавме

Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. После обраќањето на премиерот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери. Покрај официјалните гости и медиуми, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1.000 граѓани кои ќе можат да се акредитираат за бесплатен билет и сите ќе требаат да приложат вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19.