Нови 199 случаи на коронавирус и 32 починати

Брза помош пренесува пациент со ковид-19 во болница

Во изминатото деноноќие се регистрирани 199 нови случаи на коронавирус во земјава, а 32 луѓе починале. Починатите се на возраст од 35 до 83 години. Направени биле 2.558 тестирања, информира Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 157, во Куманово и Кавадарци има по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар по 4, Велес 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка по 2 и еден нов случај во Богданци.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781