Во Скопје конференција за економското заздравување по ковид-19

Вакцинација против ковид -19 во Скопје

Министерството за финансии денеска и утре ќе биде домаќин на Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по ковид“ што се одржува во рамки на Економскиот и финансиски форум. Најавено е учество на високи претставници од меѓународните финансиски институции, владини претставници од земјата и регионот, експерти, претставници на невладиниот и бизнис сектор, кои во следните два дена ќе имаат можност да споделат искуства, разменат идеи и да дадат одговори за глобалните и регионалните перспективи за постпандемиското закрепнување и раст.

Економиите по пандемијата - Има ли светло на крајот на тунелот?

Конференцијата ќе ја отворат министерот за финансии Фатмир Бесими и претседателот на Владата, Зоран Заев, по што ќе се одржат три панели на кои високи претставници ќе ги презентираат своите видувања, а нивните излагања треба да дадат одговори на клучните прашања – како можат политиките најдобро да го поддржат растот, кои се главните предизвици за одржување на безбедноста во светот што се менува, кои фискални и монетарни мерки помогнаа на бизнисот и работните места и кои се ризиците од предвременото повлекување на фискалните стимулирачки мерки.