Ида, Заев и мигрантите

САД - Најмалку четиринаесет лица загинаа во поплавите во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија како последица на ураганот Ида, пренесува Би -Би -Си.

ИТАЛИЈА - Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека дипломатите се обидуваат да ги лоцираат Авганистанците кои работеле со Италија и избегале од својата татковина во Иран и други земји што се граничат со Авганистан.

МАКЕДОНИЈА / ИТАЛИЈА - Изразив благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР, подвлекувајќи ја силната посветеност на Алијансата на безбедноста на Западен Балкан. Сојузничката команда на здружените сили во Неапол се надева на уште повеќе можности за соработка со гордата и способна Армија на нашата најнова членка на НАТО во понатамошните вежби и мисии на Алијансата, изјави адмирал Бурк во Роберт Бурк, по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Неапол.

АЛБАНИЈА - Уште една група од 37 други лица евакуирани од Кабул пристигнаа денеска во Албанија, соопштија од Владата. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека групата пристигнала од Киев, Украина.

МАКЕДОНИЈА - Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување оценува Министерството за финансии истакнувајќи дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.

БЕЛГИЈА - Се засилуваат повиците во рамките на Европската унија за создавање на воени сили за брза реакција кои ќе одговорат на кризите во светот по хаотичните сцени од аеродромот во Кабул откако талибанците ја презедоа власта врз Авганистан пред повеќе од две недели.

АЛБАНИЈА - Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет. Новиот кабинет има 12 министерки.

СЛОВЕНИЈА / СРБИЈА - Специјалниот пратеник на ЕУ за преговори Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, на својот Твитер профил напиша дека одржал две важни и значајни одделни средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, на маргините на Бледскиот стратешки форум.

МАКЕДОНИЈА - Татко, мајка и нивната ќерка на 36 години починале поради компликации од Ковид-19 во домашни услови во Тетово минатата недела, а карактеристично е што тројцата имале хронични болести и се наоѓале во тешка состојба, информираат од тетовската клиничка болница.

МАКЕДОНИЈА - Кога ќе се случат ситуации граѓани да не сакаат да примат попишувачи кои се невакцинирани ќе бидеме максимално флексибилни и може да се направи рокада на попишувачите за да им се излезе во пресрет на граѓаните, рече денеска премиерот Зоран Заев.