Бурк до Шекеринска: „Благодариме за учеството во КФОР”

Радмила Шекеринска и адмирал Роберт Бурк

„Изразив благодарност за учеството на трупите на Северна Македонија во мисијата КФОР, подвлекувајќи ја силната посветеност на Алијансата на безбедноста на Западен Балкан. Сојузничката команда на здружените сили во Неапол се надева на уште повеќе можности за соработка со гордата и способна Армија на нашата најнова членка на НАТО во понатамошните вежби и мисии на Алијансата“, изјави адмирал Бурк во Роберт Бурк, по средбата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Неапол.

Министерката Шекеринска изјави дека членството во НАТО не е само привилегија туку и одговорност и можност да даваме придонес во мирот и безбедноста во светот и во регионот.

„И затоа сме горди на нашето учество во мисијата КФОР во Косово, бидејќи така најдиректно регионот ги почувствува придобивките од членството на нашата земја во НАТО, а НАТО доби сојузник чија конструктивна политика одамна е препознаена во регионот и пошироко“, изјави Шекеринска.

Како што информираат од Министерството за одбрана, двајцата разговарале и за ситуацијата во светот, со осврт на Авганистан и за состојбите во регионот.