Албанија прифати уште 37 лица евакуирани од Авганистан

илустрација

Уште една група од 37 други лица евакуирани од Кабул пристигнаа денеска во Албанија, соопштија од Владата. Во соопштението на Министерството за надворешни работи се наведува дека групата пристигнала од Киев, Украина.

Авганистанците се сместени на универзитетски кампус во Тирана, каде што ќе бидат додека не бидат сместени во хотели.

Во Албанија се наоѓаат 644 Авганистанци кои избегаа од Кабул. Владата соопшти дека привремено ќе прифати околу 4.000 луѓе од Авганистан, пред тие да заминат во други земји за да побараат долгорочен престој.

Повеќето од пристигнатите се студенти и жени претставнички на граѓански организации, чии животи се во опасност од Талибанците.