Нови 906 заразени со ковид и 26 починати

Ковид-амбуланта во Скопје.

Во последните 24 часа регистрирани се 906 нови случаи на ковид-19 од направени 6.006 тестирања, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Процентот на заразени од тестирани денеска е 15,1 проценти.

Во Скопје има 423 нови случаи, Тетово 68, Куманово 60, Гостивар 51, Струмица 39, Кичево 31, Охрид 20, Битола, Струга и Штип по 19, Велес, Радовиш и Кочани по 16, Кавадарци 15, Свети Николе 14, Прилеп 12, Ресен 11, Дебар 9, Кратово 7, Гевгелија 6, Неготино и Делчево по 5, Берово, Пробиштип и Богданци по 4, Виница и Македонски Брод по 3, Крива Паланка и Македонска Каменица по 2, Валандово, Пехчево и Дојран по еден нов случај.

Починати се вкупно 26 пациенти: осум пациенти од Скопје, шест од Тетово, три од Струга, по двајца од Гостивар и Кичево и по еден од Прилеп, Охрид, Дебар, Виница и Кратово.

Регистрирани се 343 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија досега изнесува 177.399. Оздравени се 156.650 пациенти, а како последица од вирусот починале 5.964. Бројот на активни случаи изнесува 14.785.