Неформален состанок на министрите за одбрана на Европската унија

илустрација

Министрите за одбрана на Европската унија денеска во Словенија ќе дискутираат за Документот што треба да се изготви за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ во кој се вклучени препораки за политиката во четири области (наречени „корпи“): управување со кризи, партнерства, развој на способности и отпорност. Министрите посебно ќе се фокусираат врз хибридните закани. Исто така, ќе стане збор за случувањата во оперативните активности на ЕУ, особено во Сахел, Либија, Мозамбик и Западен Балкан.

Европа стравува од нова бегалска криза

Средбата ќе заврши со работен ручек на кој министрите ќе имаат можност да разговараат за заедничките геостратешки предизвици и можности за понатамошна соработка со земјите партнери во рамките на НАТО и ОН. Во оваа дискусија на министрите ќе им се придружат и заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Јоана и потсекретарот на ОН за мировни операции, Жан-Пјер Лакроа.