Најмалку 12 војници на САД убиени во нападите пред аеродромот во Кабул

Американски војник на аеродромот во Кабул.

Најмалку 12 американски војници загинаа во експлозиите кај аеродромот во Кабул, јавуваат Асошиејтед Прес (АП) и Ројтерс цитирајќи двајца американски официјални претставници кои изјавија дека има и голем број на повредени војници.

Пентагон претходно потврди дека „голем број“ американски воени лица се убиени во денешниот „комплексен напад“.

Талибанскиот службеник Сухаил Шахин изјави дека „потврдува“ дека имало две експлозии во областа каде што се собрале луѓе управувани од американските сили.

„Најостро го осудуваме овој ужасен инцидент и ќе сториме сѐ за сторителите да ги изведеме пред лицето на правдата“, додаде Шахин.

Талибанците не ги идентификуваа напаѓачите, но нивниот портпаролот ги опиша како „злосторничка банда“ која ќе биде потисната штом странските војници го напуштат Авганистан.

Медицински и болнички персонал носат повредеи по двете силни експлозии пред аеродромот во Кабул на 26 август 2021 година.

Во најмалку две експлозии за кои се сомнева дека се самоубиствени бомбашки напади на 26 август го потресоа аеродромот во Кабул, при што загинаа повеќе лица, вклучително и американски војници и настана поголем хаос на местото на настанот пред крајниот рок од 31 август за завршување на повлекувањето на странските војници од Авганистан.

Хируршката болница во Кабул, која е управувана од италијанска добротворна организација, соопшти дека примила повеќе од 60 ранети лица на лекување.