Мицотакис: пожарите „горчлива цена на климатските промени“

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се обрати пред парламентот во Атина, додека земјата продолжува да се бори против шумските пожари, поврзувајќи ги пожарите со климатските промени. Мицотакис изјави дека „ова е горчливата цена на промената на животната средина“. „Бевме подобро подготвени отколку во минатото. Сепак, оваа подготовка очигледно не беше доволна за да се соочиме со интензитетот на овој феномен“, рече Мицотакис.

Мицотакис за пожарите - Спасивме илјадници човечки животи

Лидерот на опозициската Сириза Алексис Ципрас пак оцени дека Мицотакис треба да го врати лажното извинување што му го даде на грчкиот народ во моментите на уништување. Од јули, пожарите ги опустошија островите Евија и Родос, како и шумите на север и југоисток од Атина и делови од полуостровот Пелопонез.