Потпретседателката на САД вети уште еден милион вакцини против ковид-19 за Виетнам

Потпретседателката на САД Камала Харис и премиерот на Виетнам Фам Мин Чин во Ханој

Потпретседателката на САД Камала Харис денеска во Ханој изјави дека САД на Виетнам ќе му обезбедат уште еден милион дози од вакцината против коронавирус.

Харис, која се сретна со премиерот Фам Мин Чин, рече дека испораката на вакцините ќе почне во наредните 24 часа.

САД со таа испорака ќе му даде ма Виетнам вкупно шест милиони дози од вакцината.

Помошта е дел од низата најави за новото партнерство и поддршката на САД во Виетнам.

Камала Харис е прв американски потпретседател во посета на Виетнам, а најави и отворање на регионална канцеларија на американскиот Центар за контрола и превенција на болести во југоисточна Азија.

Таа канцеларија ќе соработува со регионалните влади на истражувања и обуки во соочувањето и спречувањето со глобалните здравствени кризи.