ЦУК- локализиран пожарот на планината Готен

Пожар на планината Готен, кај селото Нивичино во Општина Василево

Регионалниот центар за управување со кризи на Штип информира дека е локализиран пожарот во атарот на селото Владимирово, општина Берово на планината Готен. Во однос на другите градови, забележани се помали интервенции, при што противпожарните екипи дејствувале веднаш, информира Илија Бојаровски од ЦУК на денешната прес-конференција.

Во текот на вчерашниот ден околу 14.15 часот противпожарната бригада на Скопје интервенирала во запалена куќа, штала и помошни простории во село Идризово, општина Петровец, што претставувало закана да се прошири во околината.

„Од РЦУК Велес информираат дека во период од 12:10 до 15:50 пожарникарите и четворица вработени во шумското стопанство Бабуна, двајца припадници од МВР и двајца мештани интервенирале на запалена нискостеблеста дабова шума, сува трева, како и два електрични столба на ЕВН. РЦУК Велес претпоставува дека пожарот е предизвикан од електричните столбови, во површина од околу три хектари. Интервенцијата е извршена во атарот на селото Ветерско“, информира Бојаровски.