Состанок на Комисијата за заразни болести

Во Тетово, луѓето чекаат пред болница да се вакцинираат против ковид-19,

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на денешниот ден состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести. На состанокот, како што наведе, ќе бидат анализирани епидемиолошките мерки. Министерот Филипче смета дека актуелните мерки кои се во сила, треба да продолжат и натаму, се додека не се зголеми колективниот имунитет.

Од ковид-19 починале 27 лица, 333 новозаразени

Од 16 август е потребен сертификат за вакцинација или прележан ковид-19 за влез во ресторани, концерти или спортски настани. Според одлуката на македонската влада, поради забрзана експанзија, работата на затворените делови од угостителските објекти е забранета, а за седење во отворени делови на кафулиња, ресторани и клубови, лицата над 18 години ќе треба да имаат сертификат за најмалку една примена доза од вакцината. Граѓаните со потврда за прележан ковид-19 може да посетуваат угостителски објекти, но само 45 дена по болеста, по што ќе мора да имаат потврда за вакцинација како и сите други.

Кампања „Вакцинирај се“ за да се врати нормалниот живот

Покрај одење во кафулиња, ресторани или ноќни клубови, сертификатот за ковид-19 е неопходен за сите видови прослави, кои можат да се организираат само на отворено, како и за концерти, семинари, конференции, културни и спортски настани. Работата на ноќните клубови, дискотеки, барови сѐ уште е ограничена на 50 проценти од капацитетот на отворените области и може да прими максимум 1.000 посетители, во согласност со постојните антивирусни протоколи