Претставници на ЕУ ќе го посетат центарот за евакуација на Авганистанци во Шпанија

Кабул- Авганистански цивили чекаат да се влезат во авион за да бидат евакуриани од Авганистан

Високи претставници на ЕУ ќе го посетат прифатниот центар за авганистанските бегалци кои работеа за земји членки на унијата, а кој се наоѓа во Шпанија. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес рече дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во сабота ќе го посетат центарот заедно со премиерот на Шпанија Педро Санчез.

Прифатниот центар се наоѓа во воена база и од него бегалците од Авганистан кои работеле за инситуциите на Европската унија ќе бидат пратени во други земји членки. Во него може да се сместат околу 1000 луѓе, а како што рече министерот, тој преставува логистички центар на ЕУ бидејќи сите Авганистанци кои работеле за различните институции на ЕУ ќе поминат низ него.

Шпанската влада во понеделникот објави дека Шпанија се согласила да биде влезна точка за во ЕУ за авганистанските бегалци.