Едно лице загина во пожар кај Сен Тропе

Противпожарни авиони полнат вода од морето за гаснење на пожарот кај Сен Тропе

В шумски пожар кој ja опустоши заднината на популарното летувалиште Сен Тропе на Азурниот Брег загина едно лице, соопштија денска локалните власти.

Ова е прва жртва во најголемиот пожар во Франција ова лето.

Повеќе од 1200 пожарникари се вклучени во гаснењето на пожарот.

Во ек на туристичката сезона, пожарот изби на автопатот недалеку од одморалиштето, а пожарот зафати повеќе од 5000 хектари.

Силниот сезонски ветар од Средоземното Море го разгорува огнот.

Невообичаено високите температури и силниот ветер предизвикаа огромни пожари – од јужна и југоисточна Европа до Русија.