Персона нон грата

МАКЕДОНИЈА - Министерката Мила Царовска очекува дека Владата на седница денеска ќе донесе одлука за почеток на учебната 2021/2022 година со физичко присуство на наставата. Овој преглог доаѓа од Главниот кризен штаб кој вчера на состанок оцени дека се создадени услови за отворање на училиштата.

АВГАНИСТАН - Раководството на Талибанците ја одржа својата прва официјална прес-конференција во Кабул и притоа порачаа дека нема да дозволат Авганистан да се користи во напади против други земји и нема да бараат одмазда против Авганистанците кои работеа за силите предводени од САД.

БЕЛГИЈА - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги предупреди Талибанците дека не можат да дозволат Авганистан уште еднаш да стане почва за тероризам, откако милитантите ја презедоа власта во земјата.

ГЕРМАНИЈА - Германија повторно го обвини Минск дека ги користи бегалците како политичкa алаткa, бидејќи Европската Унија вети дека ќе ја зајакне границата на блокот со Белорусија за да го спречи напливот на илегални премини.

ПОЛСКА - Полската влада најави дека ќе откаже од планираните дисциплински мерки за судиите по бурните реакции на земјите од Европската Унија. На владината веб страница денеска беше објавено дека Полска ја информирала Унијата дека се откажува од најавените реформи во Врховниот суд со кои беа предвидени мерки за дисциплинирање на судиите. Ова се случува еден ден по истекот на рокот кој ЕУ и го даде на Полска.

МАКЕДОНИЈА - Владата соопшти денеска дека продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население.

РУСИЈА - Руски воен авион се урна во близина на Москва денеска и се стравува дека тројцата членови на екипажот се загинати. Воениот товарен авион се урнал во близна на градот Николској за време на пробен лет.

МАКЕДОНИЈА - Пронајдени се две починати лица во кумановско Табановце. Полицијата соопшти дека на нивните тела биле видливи траги од повреди. Станува збор за сопружници на 36 и 43 годишна возраст.

МАКЕДОНИЈА - Македонија протерала уште еден руски дипломат, потврди денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, но не откри детали, бидејќи, како што нагласи, информациите од тој тип се обично од доверлив карактер.