Сопружници пронајдени мртви со повреди на телото во Табановце

Илустрација

Пронајдени се две починати лица во кумановско Табановце. Полицијата соопшти дека на нивните тела биле видливи траги од повреди. Станува збор за сопружници на 36 и 43 годишна возраст. Полициските екипи се уште вршат увид во домот на починатите.

Од Јавното обвинителство во Куманово соопштија дека е издадена наредба за обдукција на двајцата сопружници. Издадена е и наредба за вештачење на трагите и материјалите пронајдени на местото на настанот.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид во семејна куќа во селото Табановце каде утринава беа пронајдени телата на две починати лица – маж и жена на возраст од 43 и 36 години. Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место“, се наведува во соопштението на обвинителството.