Петгодишен договор со Турција за модернизација на македонската армија

Архивска фотографија - Министрите за одбрана на Македонија и Турција - Радмила Шекеринска и Хулуси Акар, Скопје 2019 година

Македонија и Турција денеска ќе потпишат петгодишен Договор за воено-финансиска соработка. За таа цел, денеска во Турција е министерката за одбрана Радмила Шекеринска и ќе се сретне со турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар.

Договорот предвидува годишна алокација на финансиски средства од Турција за Северна Македонија, кои ќе се користат за зајакнување на борбените капацитети, набавка на артилериска опрема и модернизација на Армијата.

На средбата ќе стане збор и за идните планови за соработка во одбраната, едукација, обуки и вежби согласно Договорот за билатерална соработка за 2021 година. Шекеринска ќе присуствува и на отворањето на Меѓународниот саем на одбранбена индустрија IDEF 21 кој се одржува во Истанбул од 17-20 август.