Узбекистан соборил авганистански воен авион

Скриншот од видео по уривањето на авганистанскиот воен авион во Узбекистан

Узбекистанските власти соопштија дека војската соборила авганистански воен авион откако навлегол нелегално во воздушниот простор на централноазиската држава. Узбекистанското министерството за одбрана соопшти дека силите за противвоздушна одбрана „спречија илегален премин во воените граници на Узбекистан со воен авион од Авганистан“.

Според министерството, двајца авганистански пилоти преживеале и во моментов се во болница во тешка состојба. Нема извештаи за други жртви.

Претходно талибанските милитанти ја презедоа контролата врз Кабул, предизвикувајќи масовно иселување од главниот град на Авганистан.
Според новинарските извештаи стотици Авганистанци, вклучувајќи војници и локална полиција, ја напуштиле земјата во последните недели особено во северните погранични региони.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Кабул по враќањето на Талибанците