Мета:Имплементацијата на Охридскиот договор не приближува до ЕУ

Албанскиот претседател Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета порача дека имплементацијата на Охридскиот рамковен договор не приближува до ЕУ.

„На 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот договор, ценејќи го значајниот напредок досега постигнат во неговото почитување, ја охрабрувам неопходноста од целосна имплементација и интегрално заживување, како одлична можност за понатамошна консолидација на мирот и меѓуетничката хармонија, за зајакнување на односите, како и зближување едни со други и Европската унија“, напиша Мета на Фејсбук.

Според него, Албанците во Северна Македонија, во изминатите две децении освен што биле посветени само на стабилноста на земјата, биле и гарант за нејзината евроатлантска интеграција.

„Братски и горди поздрави до нашите сонародници, за нивната активна, конструктивна и незаменлива улога и посветеност кон суверенитетот и евроатлантската интеграција на Северна Македонија“, напиша Мета.

Вчера се одбележаа 20 години од потпишување на Охридскиот рамковен договор. Преговорите за договорот траеја околу два месеци. Започнаа во Скопје, продолжија во Охрид, а завршија со потпишување на документот во претседателската резиденција во Скопје на 13 август 2001.