Политика и солзи, куран и интернет

ШПАНИЈА - Лионел Меси се согласи да се приклучи на францускиот клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), по неговото ненадејно заминување од Барселона, потврди денеска неговиот татко. Меси не можеше да ги сокрие солзите поради разделбата со Барселона.

БиХ - Пензионираниот генерал на војската на босанските Срби, Миломир Савчиќ исчезна откако Судот на Босна и Херцеговина вчера одреди притвор поради кршење на претходно изречените мерки за негирање на геноцидот во Сребреница. Распишана е потерница.

МАКЕДОНИЈА - Поради зголемениот интерес за вакцинација од утре се отвораат четири дополнителни пункта за имунизација против ковид-19 во Скопје во поликлиниките Бит Пазар, Драчево, Ченто и Ѓорче Петров, информира Министерството за здравство (МЗ).

МАКЕДОНИЈА - Пожарникар од австрискиот камп стациониран кај Пехчево утрово се повредил и во моментов се наоѓа на скопска клиника каде му се укажува помош.

БУГАРИЈА - Бугарија се движи кон нови избори, откако антиестаблишмент партијата Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, која тесно победи на минатомесечните избори, се откажа од напорите за формирање влада.

МАКЕДОНИЈА - Во изминатото деноноќие се регистрирани 518 нови случаи на коронавирус во Македонија, а четворица луѓе починале. Направени биле 5.809 тестирања, информира Министерството за здравство.

ГРЦИЈА / МАКЕДОНИЈА - Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа, каде беснеат пожари, во неделата безбедно го напуштиле 38 од 39 туристи македонски државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот.

ТУРКМЕНИСТАН - Интернет корисниците во строго контролираниот Туркменистан во Централна Азија вели дека биле принудени да се заколнат врз Куранот дека нема да користат Виртуелни приватни мрежи (ВПН). Сведоци велат дека за користење на приватни ВПН се вршат и апсења.

САД / АВГАНИСТАН - Соединетите држави соопштија дека авганистанските безбедносни сили треба да ја бранат земјата, откако талибанските милитанти го зазедоа шестиот главен град на провинцијата на 9 август, заедно со граничните градови и трговските патишта.