Србија ги извлекува своите државјани од грчкиот остров Евија

Оган во близина на куќите кај Гувес на островот Евија. 08.08.2021

Србија почна да ги извлекува своите туристи од грчкиот остров Евија каде што со денови беснее пожар. Како што рече српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ тие ќе бидат пренесени на безбедни локации. Таа денеска прецизира дека на островот има околу 500 патници, дека не се загрозени, но дека поради внимателност ќе бидат пренесени на безбедни локации.

Досега според податоците од Националната опсерваторија во Атина и порталот „Метео“ на островот изгореле речиси 50.000 хектари површина. Во пожарот, што сè уште не е ставен под контрола, илјадници објекти претрпеа материјална штета, а многу од нив се целосно уништени.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Огнениот пекол на грчкиот остров Евија

Како што пишува порталот „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, согласно процените на Европскиот систем за информации за шумски пожари, на Евија околу 38 отсто од опожарените површини се шумски површини, а 24 проценти се други природни области.