Четворица починати од коронавирус, најмладиот на 29 години

Хоспитализација на заболени од коронавирус

Во изминатото деноноќие се регистрирани 398 нови случаи на коронавирус во Македонија, а четворица луѓе починале. Оздравени се 18 пациенти, информира Министерството за здравство. Направени биле 6.383 тестирања.

Најголем број од новите случаи – 136 се регистрирани во Скопје, во Тетово има 86, Гостивар 46, Куманово и Кичево по 23, Битола 15, Охрид и Струмица по 13, Дебар 10, Струга 6, Кавадарци 5, Кочани 4, Прилеп и Валандово по 3, Велес, Штип, Свети Николе и Ресен по 2 и Радовиш, Делчево, Пробиштип и Македонски Брод по еден нови случај.

Пријавени се 4 починати лица: 3 од Куманово (29г, 49г и 74г) и еден од Гостивар (78г).

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.025 бројката на оздравени пациенти е 150.524, на починати е 5.507, а бројот на активни случаи изнесува 1.994